X
 09.10.2021 Технологија

Постои индустрија вредна милијарди долари за податоците од вашиот телефон

Каде и да се движите, заработувате пари, но за некој друг. Постојат компании кои не се толку познати, но плаќаат многу за да добијат пристап до податоци за вашата локација од мобилниот телефон. Се проценува дека ова е цела индустрија вредна 12 милијарди долари, во која има фирми што собираат, продаваат и купуваат податоци.

Една ваква фирма е „Нир“ (Near), која тврди дека има податоци за 1,6 милијарда луѓе во 44 држави. Друга компанија, „Мобајлвала“ (Mobilewalla), се фали дека има пристап до податоци од над 40 земји и над 1,9 милијарда уреди од повеќе од 5 години.

Платформата „Некст веб“ (The next web) именува 47 компании кои собираат, продаваат или разменуваат податоци за локација од мобилни телефони. Овие компании ги продаваат податоците или статистиките поврзани со податоците. Некои од нив им ги продавале податоците на владини агенции, според светските весници.


Фото: Pixabay

Во извештајот на „Некст веб“ се објаснува дека компаниите функционираат бидејќи генералната јавност не обрнува внимание на она што го прави, а во некои случаи индустријата е инвазивна.

Многу компании тврдат дека се грижат за приватноста на нивните корисници, но ова може да е погрешно и вистината е дека не може да се знае точниот начин на кој се следи движењето на корисниците и како се користат овие податоци. Компаниите ретко објавуваат кои апликации ги собираат овие податоци, какви податоци користат и како се користат тие.

Извор: Interesting Engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија