Кинеските инженери смислиле нов метод за зголемување на безбедноста во возењето во текот на ноќта и намалување на сообраќајните несреќи.
Деновиве на социјалната мрежа „Х“ се споделува видео од кинески систем кој испушта разнобојни ласерски светла над автопатот. Видеото е снимено на автопатот од Кингдао до Јинчуан во Северна Кина и прикажува живописни ласерски светла кои изгледаат како да лебдат над возилото.
Овие светла се специјално дизајнирани да им помогнат на возачите да останат будни. Лицето што го снимило видеото изјавува дека тие навистина биле ефективни и го намалиле чувството на исцрпеност при долго ноќно возење. Светлата не ги заслепуваат возачите, туку само создаваат шарена „завеса“ над нив.
Извор:
Autonet
Насловна фотографија: X (printscreen)