Луксузно одморалиште со пет ѕвезди во Бали се соочи со негативни реакции поради забраната за мобилни телефони во близина на еден од базените на самото одморалиште.
„Ајана Резорт & Спа“, луксузен хотел во Џимбаран, на јужниот брег на островот, има 11 други базени каде што можите да користите мобилен телефон, ајпад, камера или било која друга електорнска опрема.
Но, правилото на „Речниот базен“ на ова одморалиште предвидува дека можете да користите телефон само меѓу 7 и 9 часот и 17 и 19 часот. На нивната веб-страница пишува: „Обичајот на овој базен е да создаде место каде нашите гости ќе можат да се релаксираат и да уживаат во моментот“.
Но, пристигнуваат негативни реакции од голем број луѓе кои велат дека понекогаш, единствениот начин да се релаксираат е да го користат телефонот.
-Што ако сакам да паузирам од луѓето што ме опкружуваат на одмор? - вели Натали Рајли од австралиската страница „Њуз.ау“.
Ова не е прв ваков тренд поврзан со забрана за користење на технологија. Главниот град на
Австрија неодамна лансираше анти-инстаграм кампања, во која ги охрабрува туристите да не користат хаштаг за Виена. Туристичкиот панел дури и постави веб-страница, каде ги охрабруваат посетителите да искусат повеќе, а да фотографираат помалку.