Луѓето обожаваат да прават необични фотографии за да можат да ги постават на социјалните мрежи, но тоа не секогаш завршува добро. Некогаш фотографирањето може да биде многу опасно, а оваа снимка е доказ за тоа.
Во обид да направи убава фотографија, оваа девојка е соборена од голем бран. За среќа, поминала со само неколку модринки и гребеници.
Снимката е направена на малиот остров на југоисточниот брег на Бали, поточно на видиковецот наречен „Солзи на ѓаволот“ (Devil’s Tears), кој е омилен меѓу туристите.