X
 09.12.2022 Живот

Жители на село во Белгија на лотарија заедно освоиле над 143 милиони евра

Група од 165 жители на селото Олмен во белгиската провинција Антверпен освоила над 143 милиони евра на лотаријата Јуромилионс (Euromillions).

- Жителите на Олмен ги собрале парите и заедно купиле ливче во киоск. Секој од нив освои по околу 868.000 евра - соопшти Белгиската државна лотарија.

За ждрепката во вторникот имало 27 милиони пријави. Џек-потот изнесувал 142.897.164 евра.

Портпаролот на Државната лотарија, Јоке Вермоере, изјави дека групните добивки во Белгија не се чести и дека ова е најголема група која некогаш освоила награда. Идентитетот на добитниците не е објавен.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот