X
 30.03.2023 Живот

Место заробено во минатото е прогласено за најубаво село на светот

Според американскиот туристички магазин „Travel+Leisure“, живописното село сместено на врвот на карпа, на надморска височина од 340 метри, е едно од најубавите села во светот.

Станува збор за селото Горд во Франција, а овој скапоцен камен на Прованса секоја година привлекува посетители од целиот свет поради својата безвремена убавина, културно богатство и шарм. Во пролет Горд е особено магичен поради сите бои и мириси од природата што вреди да се доживеат.


Историјата на селото датира од римско време, но во текот на средниот век селото ја добило сегашната конфигурација со тесни улички, заоблени премини, преубави куќи и фасцинантен средновековен замок со поглед кон долината. Селото со векови напредува благодарение на земјоделството, а особено е познато по производството на керамика, традиција која продолжува и денес.


Убавината на ова село лежи во неговата архитектура, со добро одржувани камени градби кои совршено се вклопуваат во околниот пејзаж во кој доминира величествената природа. Изграден во XI век, проширен и реновиран, замокот Горд е едно од највпечатливите места.


Пазарот во Горд е настан што не се пропушта, а се одржува секој вторник на дворскиот плоштад и претставува уште еден белег на културниот живот на селото. Посетителите можат да откријат локални производи, ракотворби и сувенири од овој магичен француски регион.


Горд е, исто така, популарна локација за снимање филмови и ТВ-емисии поради својата безвремена убавина и живописната атмосфера.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот