X
 13.10.2026 Живот

„Шума среде град“ - овој хотел засадува по едно дрво за секое ноќевање

Популус е пример за архитектура која не ја користи природата само како инспирација за декор, туку го зема предвид односот на зградата кон градот и пределот.

Во центарот на Денвер, во 2024 година беше отворен Популус, хотел инспириран од природата. Зградата со 13 ката, 265 хотелски соби и околу 12.500 квадратни метри површина ја проектира американското архитектонско биро „Студио Ганг“.

Името и архитектонскиот концепт на хотелот се инспирирани од јасиката или американската јасика Populus tremuloides, карактеристична за Колорадо. На фасадата таа инспирација се гледа како низа прозорци со различни облици и големини кои потсетуваат на траги на кората од дрвото. Длабоките вертикални вдлабнатини дополнително го нагласуваат ритамот на фасадата.

Приземјето отворено кон улицата е исполнето со ресторани, кафулиња и други јавни простори, додека на врвот од зградата се наоѓа ресторанот „Стелар Џеј“ со тераса и поглед кон градот и Карпестите Планини.



Зелени идеи

Популус е изграден на мала триаголна парцела во центарот на Денвер, без сопствени паркинг-места. Идејата била со тоа да се поттикне користењето на јавниот превоз, велосипеди и други облици на движење низ градот.

Одржливоста е еден од клучните елементи на проектот. За изградбата е користен бетон со помал удел на цемент, рециклирани материјали, како и материјали што се реупотребени, а зградата има и зелен покрив.

Популус се издвојува и со амбицијата да биде „јаглеродно позитивен“.

Хотелот ја има воведено програмата „Една ноќ, едно дрво“ („One Night, One Tree“) - засадува едно дрво во Колорадо за секое преноќување.

Извор: punkufer
Фото: принтскрин/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот