Лофотенските Острови се едни од најпосетуваните и најпознати туристички дестинации во Норвешка, иако Норвешка има многу што да понуди.
Овие острови ве оставаат без здив поради нивната природна убавина, недопрената природа, како што се планините и плажите, и малите живописни рибарски села.
Лофотенските Острови се наоѓаат северно од Арктичкиот Круг, а поради влијанието на топлата Голфска струја, климата таму е многу поблага отколку во другите делови што се на иста географска широчина. Токму поради ова, климата на Лофотенските Острови е крајбрежна, со свежи и пријатни лета и благи зими.
Долги години Лофотенските Острови ги посетуваат многу туристи кои уживаат на нивните карпести брегови. Белите песочни плажи се опкружени со високи планини, со универзална и невидена природа.
Островите одамна се познати по морски риболов, за што сведочи извозот на риба, особено треска. Традиционалните црвени куќи се всушност рибарски, а можете да престојувате во неколку помали села покрај брегот.
Нема да погрешите ако одлучите да го поминете одморот на прекрасните Лофотенски Острови, ќе ве воодушеват долгиот брег и островчињата поврзани со мостови и тунели, црвени дрвени куќи, рибарски пристаништа и планини високи околу 1.000 метри.