X
 10.02.2017 Технологија

Што ако интернетот престане да работи само еден ден?

За многумина да се остане без интернет дури и само неколку часа е незамисливо. Но, ако престане да работи, влијанието можеби нема да биде таков како што го замислувате.

Еден професор на универзитетот во Стенфорд им давал на студентите задачи што ги држат далеку од интернетот, па подоцна дискутирал со нив за времето што го минувале така во 2008 година. Но веќе од 2009, многу нешта се промениле. Студентите биле повремено револтирани од таквите задачи и велеле дека се невозможни за извршување со изговор дека ќе им ги загрози социјалниот и семејниот живот, но и дека нема да можат да извршуваат други задачи.

Во 1995 година само 1% од популацијата беше онлајн. Сега, според најнови истражувања, петина од сите Американци велат дека интернетот го користат речиси постојано, а 73% барем дневно еднаш. Во Велика Британија, според истражување од минатата година 90% од возрасните изјавиле дека го користеле интернетот во последните три месеци.

За жал, за многумина животот би бил незамислив ако само еден ден нема интернет.

Еден од најголемите проблеми е што луѓето го земаат интернетот здраво за готово и не се зема предвид колку тој е инфилтриран во секојдневието и во сите аспекти на нашето живеење. Теоретски е можно да биде прекинат и на глобално и на национално ниво. Можни се напади од хакери со софтвер кој ќе ги погоди рутерите – уредите кои го управуваат интернет сообраќајот. Масовни напади на интернет адресите е исто така можно да се случат.

Интернетот овозможува компаниите да ги имаат своите планови и персонал на едно место, да работат, произведуваат и профитираат. Патните врски веројатно нема многу да трпат последици од само еден ден без интернет: авионите може да летаат, а патниот и железничкиот сообраќај без пречки може да се одвива без интернет.

Ако нема еден ден интернет во целиот свет можно е тоа да се одрази и психолошки и да предизвика чувство на изолација и анксиозност. Неговата цел е да ги зближува луѓето и да може да се поврзат секогаш и секаде.

Сепак, колку и да е важно да се биде вклучен на интернет, се поставува прашање колку треба да биде тоа сериозен проблем, што се однесува до психолошките последици. Сосема е во ред загриженоста на компаниите, но во однос на луѓето загрижувачки е што постои хипотеза дека само еден ден без интернет би имал последици по нивното психолошко здравје и дека само во тој еден ден тие не би можеле да се соочат сами со себе. Несомнено може да се помисли дека се наоѓаме на почетокот на една ера во која човекот е роб на интернетот.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија