X
 05.05.2022 Технологија

Нигеријците 4, а Американците над 2 часа дневно. Во кои земји луѓето најдолго седат на социјалните мрежи?

Корисниците на интернет низ светот поминуваат просечно 2 часа и 27 минути на социјалните мрежи дневно. Меѓутоа, трендовите се разликуваат од земја до земја.

Компанијата „Глобал веб индекс“ од Обединетото Кралство направила анкета за користењето на социјалните мрежи во одредени земји. Анкетата покажала дека во многу земји користењето на социјалните мрежи се намалило или не се променило во почетокот од 2020, споредено со 2019 и 2018, но пандемијата го сменила овој тренд во многу земји.

Според податоците од компанијата, жителите на Нигерија трошат најмногу време на социјалните мрежи. Просечното време поминато на социјални мрежи во оваа земја изнесува над 4 часа дневно.


Фото: Pixabay

На второ место се жителите на Филипини, кои исто така трошат над 4 часа дневно на социјалните мрежи. Следува Индија со 2 часа и 36 минути, а потоа САД со 2 часа и 14 минути.

Во Кина, просечното време поминато на социјални мрежи изнесува 1 час и 57 минути. Во Обединетото Кралство тоа изнесува 1 час и 48 минути, во Германија 1 час и 29 минути, а во Јапонија 51 минута.

Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија