X
 10.03.2025 Живот

Зошто се смета дека Хаваи е земја на најубавите виножита во светот?

Виножитата толку често се појавуваат на Хаваите, што станаа симбол во секојдневниот живот, па можете да ги видите насликани на автобуси, згради, па дури и на регистарски таблички. Освен тоа, зборот „виножито“ (rainbow) е вклучен во имињата на многу спортски и универзитетски тимови во оваа сојузна држава на САД.

Поради оваа извонредна појава, професорот по атмосферски науки на Универзитетот на Хаваи во Маноа, Стивен Басингер, го нарече овој архипелаг „светската престолнина на виножитата“.

Според него, токму виножитата на Хаваи се најубави на планетата. Тој дури развил апликација наречена „Рејнбоукејс“, која им помага на луѓето да ги пронајдат виножитата на островите.

Виножитата се толку честа појава на Хаваи, што во локалниот јазик постојат дури 20 различни термини за нив. Во народната традиција на Хаваи тие се поврзуваат со божествени и натприродни сили.

Научникот и културен советник во Институтот за зачувување на природата на Хаваи, Сем Оху Гона, вели дека виножитата се сметаат за симбол на богот Кане, едно од четирите врховни божества во хавајската митологија.

Но, научниците сега се загрижени затоа што голема е веројатноста климатските промени да ја намалат појавата на виножита. Кимберли Карлсон, професорка по екологија на Универзитетот во Њујорк, која некое време работела на Хаваи, предупредува дека анализите предвидуваат намалување на виножитата во регионот на Медитеранот, Бразил и делови од Централна Африка до 2100 година.

Извор: Euronews.rs
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот