Луѓето што живеат во некои делови на Индија првпат по децении ги гледаат Хималаите. Ова се случи откако се намали загадувањето поради карантинот воведен во земјата заради спречување на ширењето на коронавирусот.
Жителите на округот Јаландхар во Пeнџаб, Северна Индија, околу 200 километри оддалечени од планините, сега можат да уживаат во прекрасниот поглед.
Интернет-корисниците велат дека ова е првпат јасно да можат да ги видат Хималаите во последниве 30 години. Крикет-играчот Хархаџан Синг рече дека е пресреќен што воздухот се расчисти и што тој може да ги види
Хималаите од неговиот дом.
Индија во моментот е под 21-дневен карантин за да се забави или запре ширењето на коронавирусот. Со помалку луѓе на улиците и помалку отворени продавници, нивото на загадување во делови од земјата се намали, а има и помалку смог.
- За да ја спасите Индија, за да го спасите секој нејзин граѓанин, за да се спасите вие, вашето семејство, секоја улица, секое соседство е во карантин - изјави премиерот Наерндра Моди.
Фото: Twitter