Саемот на книгата е нашето место деновиве. Боиме, цртаме, читаме сказни, децата се среќаваат со авторите на нашите приказни. Од вчера во „Светот на Биби“ ни се придружи и демо-верзијата на друштвената „Игра на знаење“, која многу љубопитни дечиња ја тестираа. Не само што си поминаа убаво дружејќи се, туку научија и многу нови работи. Играта има едукативно-забавен карактер. Ја промовираше авторката Билјана Црвенковска, која заедно со арт-директорот на проектот „Светот на Биби“, Михајло Димитриевски – Тхе Мичо ги потпишуваа од делата.
И денеска ќе продолжиме да си играме. На третиот саемски ден, во 18 часот организираме натпревар „Игра на знаење“.
Погледнете како си поминавме вчера:
Фото: Борче Поповски