X
 21.10.2019 Култура

„Моите омилени места“ – задолжителна лектира од „Светот на Биби“ за љубителите на патувањата

Имате слободно време, цел ден или можеби викенд и не знаете како да го испланирате, а вообичаените места за прошетки во вашиот град ви се веќе видена работа? Родителите на Биби беа досетливи и ѝ смислија интересни патувања низ Македонија. Одлучија дека тој е најдобриот начин за Биби да ја научи својата татковина, која ја сака колку мама и тато.



Книгата „Моите омилени места“ на авторката Билјана Црвенковска е нашето најново чедо, дело на креативниот тим на „Светот на Биби“. На 64 страници, во модерно и ексклузивно издание спакувано во кутија со седефест пластификат, ви подаруваме книга за која сме убедени дека треба да биде дел од сечиј дом, од сечија библиотека.

Ова е едно од оние изданија што можете да ги читате заедно со вашите деца, без разлика на годините. А за да им биде уште поинтересно на децата, во самото издание направивме и планер на патувања. Децата ќе ги инспирираме да ве поттикнуваат за наредните заеднички викенди.

По цена од 690 денари, можете да ја набавите книгата онлајн на интернет-страницата на „Светот на Биби“.



Илустрациите во книгата се на Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а за графичкиот дизајн се погрижи Кети Пренда.
Изданието го испечати печатницата „Дата понс“.

Велат за да се запознаете себеси, треба да си ја запознаете вашата татковина. Никогаш не е доцна тоа да го направиме и со кој друг ако не со најблиските, со семејството.

- Еј, другарчиња, ова е книга за моите омилени места! Во првиот дел раскажувам за местата што ми се омилени во Скопје и неговата околина, а вториот и третиот дел се дневници од две големи патувања што ги направивме со мама и тато. Отворете ја оваа книга, научете многу нови работи, потсетете се на нештата што ги знаете, патувајте и забавувајте се заедно со мене! - им порачува Биби.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура