Мирела Чавајда, Хрватката која носи бебе што има малиген тумор, а лекарите во нејзината татковина не сакаат да извршат абортус, ќе ѝ стави крај на бременоста во Словенија. Адвокатката на Мирела, Вања Јуриќ, потврди дека второстепена словенечка комисија донела позитивна одлука за нејзината клиентка и со тоа е дадено зелено светло за прекин на бременоста.
Колку за потсетување, хрватската јавност беше потресена од случајот на Мирела, на која лекарите во Загреб одбиле да ѝ ја прекинат бременоста во 26. недела и покрај тоа што бебето има голем тумор поради кој или ќе умре или ќе живее како билка.
Трудница од Хрватска носи бебе што има малиген тумор, лекарите одбиваат да извршат абортус
Насловна фотографија: Instagram (screenshot)