X
 02.03.2023 Живот

„Фејсбук“ остана најважната социјална мрежа за малите и средни претпријатија

Во време кога постојат многу алатки и стратегии кои можат да се користат во бизнисот, може да биде предизвик за компаниите да одредат на што да се фокусираат за да постигнат максимален поврат на инвестицијата.

За да одговори на некои прашања, компанијата „Скајнова“ неодамна анкетирала 1.000 сопственици на мали бизниси кои ги открија стратегиите и алатките потребни за градење и развој на нивните бизниси.

Малите компании не секогаш имаат пристап до истите ресурси како поголемите компании, а во ова истражување ги открија проблемите со кои најмногу се среќаваат. 35 отсто од нив имаат проблем со привлекување клиенти, 34 отсто со зголемување на свесноста за брендот, а 33 отсто со управување со работните процеси.

Сепак, големите и малите компании имаат едно нешто заедничко, а тоа е можноста за користење на социјалните мрежи, чија интеграција со други деловни функции може да ја подобри деловната ефикасност, се вели во истражувањето.

За да се максимира оваа можност, неопходно е да се избере вистинската социјална мрежа, односно алатки кои одговараат на природата на конкретната работа и им служат на потребите на бизнисот. Над 30 отсто од анкетираните сопственици на мали бизниси рекле дека „Фејсбук“ има најголемо влијание врз растот на нивниот бизнис.

biznis
Фото: Skynova

Извор: Bug.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот