X
 25.01.2020 Живот

Пензионерка ги освојува музичките листи со нејзината верзија од песната „Мy way“ на Синатра

Пензионерка со деменција успеа да стигне до музичките листи во Британија, а нејзината верзија на песната „My Way“ од Синатра ги надмина Ед Ширан, Еминем и Аријана Гранде според бројот на преземања.

83-годишната Маргарет Меки живее во старски дом. Таа ги воодушеви луѓето со нејзиниот глас на божиќната забава.

Видеото од нејзината изведба заедно со 31-годишниот Џејми Ли Морели стана вирално, па затоа тој одлучи изведбата да ја сними професионално и да ја објави како сингл.

Сега со песната се собираат пари за Друштвото за болни од Алцхајмерова болест и деменција во Британија и се наоѓа на седмо место на најпродавани производи на „Амазон“, победувајќи ги Стормзи и Марун 5.

1
Фото: SWNS


На листата Топ-40 поп-песни на „Ајтјунс“, Маргарет и Џејми се на 27. место, победувајќи ги Ед Ширан, Џастин Бибер и Аријана Гранде.

- Неверојатно е. Среќна сум. Одлично е што можеме да собереме пари за добротворни цели - изјави таа.

- Таа има неверојатен глас. Првпат влезе во студио за снимање песни, но изгледаше како стопати да го правела тоа. Фактот дека може да го прави ова додека живее со деменција е неверојатен - вели Џејмии.

- Како музиката да е терапија за неа. Можете да ја видите промената на нејзиното лице кога ќе почне да пее или кога ја слуша музиката што ја сака - додава тој.

Видеото го снимала ќерката на Маргарет, 55-годишната Маири Хантер, и го ставила на социјалните мрежи.

- За некој со деменција, ме фасцинира какви чувства ѝ предизвикува музиката. Таа изгледа како сосема друга личност. Дефинитивно музиката е во нејзината крв. Маргарет е инспирација за многу луѓе, особено за мене. Ја обожавам - изјави Џејми.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот