X
 05.05.2021 Живот

Минимални месечни пензии што се бараат ако сакате да живеете во Европа, Азија и во Латинска Америка

Во обид да го оживеат туризмот, многу земји започнаа иницијативи во кои ги покануваат странците на подолг период нудејќи специјални визи. Многумина веројатно ќе ги искористат овие понуди за да го сменат местото на живеење.

Без разлика дали планирате да работите во новото живеалиште или знаете некој што сака да се пензионира во странство, веројатно би сакале да знаете колку пари се потребни за живот. Одговорот на ова прашање се разликува од земја до земја, но цената на животот често не одговара со барањата за средства од државите. На пример, Франција е поскапа од Тајланд, но азиската земја бара да имате повеќе финансиски средства од Франција за да добиете виза.

„Маркетвоч“ пишува колку пари се потребни за живот во некои познати дестинации.

Европа

Португалија станува популарна дестинација за странците поради повеќе фактори. За да добиете виза за живот и работа во Португалија, треба да докажете дека имате годишни примања од најмалку 7.200 евра, што е околу 740 евра месечно. Доколку барате виза со партнер, треба да имате примања поголеми за 50% од оваа сума.


Фото: Португалија/Pixabay

За живот во Франција би требало да заработувате барем 564 евра месечно доколку сте сами, а 840 евра месечно доколку сте во пар и имате под 65 години. Доколку сте постари од 65, потребни ви се 870 евра месечно доколку сте сами или 1.350 евра доколку сте во пар.

Во Шпанија, лицата што сакаат да добијат виза за пензионирање треба да имаат примања од 25.560 евра годишно, а сумата расте за секој дополнителен член на семејството.

Грција бара да имате месечни примања од 2.000 евра и дополнителни 20% за сопруг/а.

Во Италија би ви биле потребни 3.185 евра месечно доколку сте сами и 3.900 евра за пар.

Латинска Америка

Еквадор им доделува виза на оние што имаат месечни примања од барем 400 долари, додека во Аргентина се потребни барем 350 долари месечно.

Во Колумбија би ви биле потребни околу 765 долари месечно, а во Перу, Костарика и Панама околу 1.000 долари месечно доколку сте сами. Сумите се поголеми за парови.

Чиле доделува визи на лица што имаат месечни примања од најмалку 1.000 долари, а Уругвај бара околу 1.500 долари.


Фото: Pixabay

За да се пензионирате во Мексико, би требало да примате 1.620 долари месечно и дополнителни 540 долари за сопруг/а.

Белизе бара да имате примања од 2.000 долари месечно за виза.

Азија

Во Тајланд генерално се потребни 2.175 долари месечно, но се бара и депозит од 26.760 долари. Малезија бара 2.500 долари месечно, а Филипини само 800 долари месечно доколку сте сами, но и депозит од 10.000 долари.

Автор: Џеф Опдајк
Извор: marketwatch.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот