Симулациска алатка развиена од страна на истражувачите на Универзитетот во Питсбург, а неодамна надградена од Универзитетот на Јужна Флорида, дава вознемирувачки увид во она што може да го предизвика епидемијата на морбили во реалниот живот.
Минатиот месец овој симулациски систем, наречен FRED (Рамка за реконструкција на епидемиолошката динамика), беше приспособен со фактичките податоци за вакцинацијата на училиште во Флорида за реално да ги прикаже ризиците од инфекција со кои се соочуваат поединечни училишта во секоја област на Флорида.
- Тоа не се само зборови, не се само податоци, не се само бројки што луѓето ги слушаат - вели истражувачот на јавното здравје Карен Лилер.
Истражувачите забележуваат дека симулацијата, која е дизајнирана да го илустрира начинот на функционирање на колективниот имунитет, ја покажува горната граница на случаите на морбили што може да се очекува да се појават во текот на епидемија и не ги предвидува ефектите од какви било интервенции за јавно здравје при итен случај.
Сепак, врз основа на податоци за вакцинацијата од Флорида на ниво на округот или градско подрачје, алатката открива што всушност може да се случи ако еден ученик со морбили оди на училиште - заедно со посебна симулација што покажува како би можела да изгледа епидемијата ако стапката на вакцинација во училиштата на истото место се намали за 10 отсто.
Тие 10 отсто можеби не звучат многу, но со оглед на начинот на функционирање на колективниот имунитет, прават драстичен контраст.
Земете го Де Сото за пример. По 266 дена изложеност, само еден инфициран студент со сипаници би резултирал со девет дополнителни случаи на сипаници, врз основа на моменталните стапки на вакцинација во округот. Aко овие стапки се намалат за 10 отсто од она што се сега, би имале сосема различна ситуација: одеднаш намалувањето на колективниот имунитет би значело дека Де Сото би имал речиси 800 нови случаи на сипаници.
Тоа е прилично алармантен диспаритет, но тажната вистина е дека токму со ова се соочуваме во 2019 година.
Ако овие стапки се лизнат за 10 отсто, неверојатна бројка од 54.476 луѓе би можеле да бидат погодени од болеста.
- Кога ги имате овие бројки, колку време ќе биде потребно пред да се исцрпи системот за јавно здравје - прашува Лилер.
-
Морбилите се толку заразни, што еден човек може да зарази 18 други, но тоа што гледаме колку брзо може да се прошири во заедницата е нешто што е тешко да се поверува - вели Лилер.