Имам тригодишна ќерка која е средно дете во семејството, и во последно време сум навистина загрижена бидејќи не знам што ѝ се случува во таа мала глава. Таа премногу се идентификува, го имитира постариот брат, кој има шест години. Што и да направи тој, таа го прави истото, што и да каже тој, таа истото го повторува. Кога ќе земе да си игра со одредени играчки, таа баш тие ги сака, му се меша во играта, дури и ќе му ја расипе. Тогаш синот се нервира, почнува расправија помеѓу нив, плачење, викање. Некогаш не знам како да се поставам како родител, како да реагирам.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк