За да научиме нешто потребни се два видови на усвоено знаење, а тоа се однесува на знаењето на предмети како математика и историја и знаењето кое опфаќа сфаќање на систем според кој учиме одредени предмети.
Со оглед на тоа дека многу луѓе не се запознаени со техниките на учењето, успехот во животот се однесува на совладување на токму оваа вештина.
„Професорите и родителите се добри во пренесување на знањето по математика, историја и информации како датуми, имиња, броеви и факти. Пренесувањето на техниката на учењето често може да биде и промашување“, тврди психологот Ени Марфи Пол.
Експертите за образование откриваат дека учениците кои постигнуваат лоши резултати имаат значаен дефицит во сфаќањето на когнитивните стратегии кои им овозможуваат на луѓето да го совладаат системот на учење и поради тоа не знаат како всушност учењето функционира.
Хенри Роедигер и Марк МекДениел, психолози од Универзитетот Св.Луис во Вашингтон тврдат дека техниките на учење опфаќаат многу теории и секако, нашата интуиција.
1. Натерајте се да се присетите на наученото
Авторите на книгата „Make It Stick: The Science Of Successful Learning“ наведуваат дека кога ни е тешко да учиме, дури тогаш учиме најдобро. За да го искористиме тоа, важно е да се натераме да се присетиме на фактите кои ги учиме. Картичките на кои ги запишуваме овие факти најмногу ќе ни помогнат да се присетиме.
2. Не наседнувајте на леснотијата
Кога нешто читате и имате чувство дека материјалот е лесен, тогаш започнувате да сметате дека е нешто што лесно ќе се запомни. Во поголем број од случаите се случува нешто да прочитаме, а потоа да заборавиме бидејќи нешто друго ни ги преокупирало мислите. Добро е она што ќе го прочитаме да се обидеме да го повториме и препрочитаме.
3. Поврзете го старото и новото знаење
„Колку повеќе можете да објаснете за новиот начин на учење кој е поврзна со вашето претходно знаење, толку повеќе ќе создадете дофат на вашиот нов начин на учење. Ако создадете што поголема врска меѓу материјалот што сте го учеле претходно и овој новиот, тогаш поголеми се шансите подолго да го помните“.
4. Анализирајте ги научените лекции
Во истражување од Универзитетот Харвард, работниците кои работеле во телефонски центар, за 22.8% подобро ја извршувале својата работа од контролната група откако поминале 14 минути анализирајќи ја својата работа на крајот на денот.
„Кога луѓето треба да ја анализираат извршената работа, тие тогаш ја проучуваат личната ефикасност. Луѓето се чувствуваат посигурни кога ќе ги постигнат своите цели. Резултатот е да се инвестира повеќе во она што го прават и она што го учат“, пишува професорката Франческа Гино.