X
 10.10.2022 Здравје

Епидемиолог споделува кои се најчестите симптоми на ковид-19 во моментов

Британскиот епидемиолог Тим Спектор, кој е основач на апликација за истражувања поврзани со ковид-19, предупредува за два речиси сигурни симптоми на сојот што кружи во моментов.

Според него, уморот наутро, дури и по добар сон, и болка во грлото може да бидат знак дека сте заразени со ковид-19. Тој открил дека болката во грлото била почест симптом кај лицата заразени со коронавирусот отколку обичната настинка.

Бројот на позитивни случаи со коронавирус порасна во септември во споредба со претходниот месец.

- Има двојно повеќе случаи со ковид-19 отколку обичната настинка во моментов - изјавил Спектор.

Доколку имате симптоми кои се слични на настинка, но поуморни сте и имате поголема болка во грлото, најдобро е да претпоставите дека е ковид-19. Тој советува тестирање, а доколку не сте во можност, изолација од други луѓе.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје