X
 02.02.2021 Здравје

Што велат експертите за носењето две маски за заштита од коронавирусот?

Здравствените власти низ светот се едногласни кога станува збор за заштитните маски и нивната ефикасност во намалување на ширењето на коронавирусот.

Неодамна советникот на Белата куќа, докторот Антони Фаучи, рече дека две маски се подобри од една маска.

- Доколку имате заштита со еден слој и ставите уште еден слој, логично е дека тоа е поефикасно - изјавил Фаучи.

По оваа изјава повеќе Американци почнале да носат по две маски, најчесто хируршка маска под памучна маска. Моника Ганди, универзитетски професор и експерт за заразни болести, вели дека советот е добар, но маските треба да се носат правилно.

Според неа, хируршката маска направена од полипропилен го одбива вирусот електростатски, додека влакната од памучната маска физички го блокираат.


Фото: Pixabay

Хируршките маски се за една употреба и најчесто ги користат здравствените работници, а тие го филтрираат воздухот на сличен начин како маските Н95. Меѓутоа, хируршките маски не одговараат на лицето, па со носењето памучна маска врз хируршката се добива двојна заштита.

Ганди додава дека треба да се провери и дали хируршките маски се направени од полипропилен, иако сите маски што се означени како хируршки или медицински треба да бидат ефективни. Конечно, две маски не се замена за маска од типот Н95, што го спречува влегувањето на дури 95% од честичките во воздухот.

Исто така, две маски не се замена за држење дистанца и личната хигиена.

Автор: Џејк Росен
Извор: mentalfloss.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје