X
 10.11.2024 Технологија

И „Ноутпад“ добива опции со вештачка интелигенција

„Ноутпад“ не се менуваше многу во првите неколку децении по неговото деби во 1983 година. Сепак, „Мајкрософт“ додаде неколку значајни функции на уредувачот на текст во годините по воведувањето на „Вондоус 11“. Најновата функција воведува генеративна вештачка интелигенција, следејќи ги стапките на „Епл“.

„Мајкрософт“ воведе уредување на текст засновано на вештачка интелигенција во „Ноутпад“, во рамките на каналите „Виндоус 11 инсајдер“ и „Превју“. Оваа функција ги следи другите генеративни функции за вештачка интелигенција што компанијата ги додаде во претходно инсталираните апликации за „Виндоус“.

Уредувачот наречен „Риврајт“ може да го преформулира избраниот текст, менувајќи ги неговата должина и тон. „Епл“ неодамна воведе слична функција во неколку апликации за „макОС“ и „иОС“, достапни за корисниците на „ајфон 15 про“, „ајфон 16“ и сите уреди со процесори од M-серијата.

За да ја користите функцијата „Риврајт“, кликнете со десното копче на означениот текст и изберете „Риврајт“ од лентата со алатки. Со притискање на „ЦТРЛ+л“ се отвора и лентата со алатки која содржи опции за скратување, издолжување, форматирање на текстот во попрофесионален или порелаксиран тон. Потоа корисниците избираат една од трите понудени ревизии.

„Риврајт“ е достапно во „Ноутпад“ верзијата 11.2410.15.0 за сите корисници на канали за преглед во САД, Франција, Велика Британија, Канада, Италија и Германија. Претплатниците на „Мајкрософт 365“ можат да ја користат оваа функција и во Австралија, Нов Зеланд, Малезија, Сингапур и Тајван.

„Ноутпад“ почна да добива нови функции во 2021 година кога „Мајкрософт“ го освежи својот визуелен изглед. Компанијата ги додаде картичките во 2022 година, а автоматската корекција во јули оваа година. Вестите за интеграција на вештачката интелигенција се појавија во јануари.

Извор: bajtbox.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија