Петар Поповски, професор на Универзитетот во Олборг, Данска: „Со работа и аплицирање за грантови, за 12 години изградив катедра со над 30 истражувачи“
Петар Поповски е роден во Охрид, дипломирал на Електротехничкиот факултет при УКИМ во Скопје како првенец на генерацијата, каде што потоа магистрирал, а докторирал на Универзитетот во Олборг, Данска, каде што и денес е професор. Неговата катедра има 30-ина истражувачи кои развиваат напредни безжични комуникациски системи.
Магдалена Алексовска, прва од Македонија дипломира на „Вагнер“ и веднаш се вработи во „Метрополитен опера“: „Работата од соништата бара многу труд и знаење“
Магдалена е пејачка, кантавторка и флејтистка која студираше музика како стипендистка на престижниот „Вагнер“ во Њујорк. На пошироката јавност ѝ стана позната по улогата на госпоѓица Хениген во мјузикл „Ени“. Пред тоа ѝ се претстави и на европската јавност, кога со своја авторска песна „Плетенка“ ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во 2015 година во Софија. Нешто потоа на „Американ протеже“ во Њујорк ја доби шансата да запее на најголемата сцена во „Карнеги хол“, во „Исак Стерн аудиториум“.
Се намалува бројот на вечните студенти: Колку време може да се студира на државните универзитети?
Сѐ поголем број студенти дипломираат навреме и ги запазуваат роковите за студирање за разлика од пред 15 години кога бројот на дипломирани по рокот се движел над 70 проценти од вкупно запишаните студенти.
Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7.422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите. 64,8% се дипломирани студентки. Од вкупниот број студенти, 37% дипломирале во рокот, додека 63% дипломирале по рокот.