По преземени мерки од страна на надлежните институции, утврдено е дека сите брисови во контролен оброк, како и на работните површини, се негативни, односно не е пронајдена бактерија која би предизвикала труење на корисниците на мензата, соопштија од Државниот студентски дом „Пелагонија“ по две недели од вонредната инспекција и затворањето на кујната во домот.
Оттаму додаваат дека за деновите за кои не користеле оброк од мензата, студентите ќе бидат обесштетени, односно тие денови ќе им бидат одбиени од месечната партиципација.
Кујната во студентскиот дом „Пелагонија“ беше затворена на 28 декември 2022 година по добиено известување за можно
труење со храна.