Сите знаат дека не треба да се конзумираат сендвичите кои подолго време стоеле во торба. Иако таа храна има потенцијал за да предизвика мачнина, сепак доколку во сендвичите има мајонез, токму тој нема да биде причината за тоа, а меѓу луѓето се верува баш во спротивното.
Во основата, мајонезот е комбинација од масло, жолчки, оцет или лимонов сок. Последните две состојки се гаранцијата преку која се тврди дека труењето со храна нема да ви се случи ако во самата храна има мајонез. Високата киселина која ја има во овие состојки го заштитува од расипување. Повеќето студии во Journal of Food Protection откриле дека бактериите како салмонела и стафилокока, мајонезот ги намалува, што значи дека додавањето на мајонез во храната ќе го намали ризикот и другите состојки да се расипат и да ви предизвикаат мачнина или труење.
Повеќе детали за овој мит и уште многу други митови поврзани со храната во видеото подолу.
¹Smittle, R.B. 2000. Microbiological Safety of Mayonnaise, Salad Dressings, and Sauces Produced in the United States: A Review. Journal of Food Protection, Vol. 63, No. 8, pgs. 1144-1153.
²Hathcox, A.K., L.R. Beuchat, and M.P. Doyle. 1995. Death of enterohemorrhagic Escherichia coli O157:H7 in real mayonnaise and reduced-calorie mayonnaise dressing as influenced by initial population and storage temperature. Applied and Environmental Microbiology. 61:4172-4177.