X
 22.05.2015 Образование

На човештвото му се случува студентска ренесанса

„Навистина имаше чувство дека иднината која им беше ветена им ја одземаат.“ 



„Студентите се пасивни и не се грижат за ништо. Тие не знаат како функционира државата и не се дел од „вистинскиот свет“.“ Ова се реченици кои ги слушавме долго време од страна на луѓето кои се дел од „вистинскиот свет“ и кои го почнаа да го демолираат истиот. За среќа, тука ни се студентите да реагираат разумно и да се побунат против неправдите.

Универзитетскиот протест можеби изгледа изолирано на почеток. Незадоволство од администрацијата. Бес за лошите одлуки. Нашите студенти добро знаат што е ова.

Студентските протести се присутни насекаде низ светот во последниве месеци. Она што ни се случува е вистинска студентска ренесанса.

Изминатата есен, студентите од државниот универзитет во Флорида протестираа бидејќи не го прифаќаа за претседател политичарот Џон Трашер. Повеќе групи одржија протести, а се одржа и марш до центарот на градот.

Во септември, студентите од Универзитетот во Мичиген бараа од претседателот да го отпушти професорот задолжен за спорт откако тие загубиле натпревар. Но, приказната оди подалеку од тоа. Овој професор одбил да отстрани играч од тимот кој доживеал сериозна повреда на главата претходно.

На факултетот „Bryn Mawr“ во Пенсилванија, стотици студенти протестирале облечени во црно за да побараат крај на расизмот на нивниот факултет. Недела подоцна, сличен протест се одржа посеверно од страна на 350 студенти. 


Студентите од Универзитетот во Манчестер изминатата недела го окупираа својот универзитет за да бараат бесплатно образование.




Од друга страна, студентите во Тирана, Албанија одржаа протест за предложениот закон за високо образование, според кој би го направил универзитетот недостапен за сиромашните. Студентите маршираа за да го привлечат вниманието на целата јавност. Ова се случува по повеќекратно зголемување на школарините за студирање.

На 13 мај годинава, илјадници студенти од Порторико заедно со своите професори и сите поддржувачи излегоа на улиците да протестираат против намалување на буџетите кои се доделуваат на универзитетите од страна на Владата. Илјадници студенти маршираа во повеќе градови во земјата, каде беа и нападнати од полицијата кога се обиделе да влезат во зградата на Владата.

Истовремено, двајца студенти загинаа за време на протест во Чиле со кој повеќе од 150.000 студенти бараа учество во реформите на образованието. Овие студенти маршираа низ центарот на главниот град, а студентите биле убиени кога се обиделе да закачат плакат на зграда, а сопственикот излегол и пукал во нив. 



Студентите протестираа против реформите во образованието и во Шпанија. Повеќе од илјада студенти излегле на улиците да протестираат за новата реформа со која се намалува времетрањето на високото образование за добивање диплома.

На 10 мај, група студенти протестираа против повеќе инциденти поврзани со сексуално насилство во Бангладеш. Имено, група мажи сексуално злоупотребувале повеќе жени. Настанот бил снимен, но полицијата одбила да преземе мерки. За време на студентските протести биле повредени 34 студенти, а петмина биле притворени.

Студентски протести, штрајкови и марширања само годинава се одржаа во САД, Велика Британија, Бангладеш, Шпанија, Италија, Германија, Албанија, Чиле, Порторико, Бразил, Франција, Македонија и многу други земји. 

Доколку ова не може да се смета за студентска ренесанса, што?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование