X
 11.02.2019

„Еве ви 5.000 евра за да ја напуштите земјата“

Финските власти ја зголемија финансиската помош за да поттикнат поголем број мигранти да ја напуштат оваа скандинавска земја.

Владата ја донесе оваа одлука за удвојување на финансиската помош за барателите на азил што доброволно ќе ја напуштат земјата. Според најновата одлука, секој мигрант што ќе ја напушти Финска ќе добие 5.000 евра, додека претходно тој износ беше 2.500 евра.

Финските власти се одлучија за ваков чекор бидејќи сè помалку мигранти одлучуваат да ја напуштат оваа земја.

- Сакаме да ги охрабриме да си одат дома. Во нашата земја моментално имаме илјадници луѓе на кои им е одбиено барањето за азил. Тие немаат дозвола за престој и поддршката што им ја даваме станува сè поскапа - истакнува Тарја Рантала од Канцеларијата за миграција.

Покрај обидот на Финска да ги поттикне мигрантите да ја напуштат земјата, бројот на лица што доброволно ја напуштиле земјата од 1.422 во 2017 се намалил на само 646 минатата година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk