Секој од нас знае што е дијабетесот, односно шеќерната болест. Заболените секојдневно примаат инсулин и специјална храна. Впрочем, тоа не е така. Кои се вистинските факти, а кои митови за оваа болест?
Тоа е безопасна шеќерна болест
Дијабетесот може добро да се држи под контрола. Но, ова хронично пореметување на метаболизмот не е безопасно. Високиот крвен притисок, инфарктот или мозочниот удар се само некои можни последици од ова заболување. Исто така, може да бидат погодени и бубрезите или очите. Во светот, на секои 6 секунди умира личност заболена од дијабетес. Се предвидува дека до 2030 година, дијабетесот ќе стане седма водечка причина за смрт во светот.
Секој кој јаде премногу слатко ќе добие дијабетес
Не директно. Битно е да се нагласи дека постојат различни видови дијабетес, кои имаат различни механизми на појавување. Кај дијабетесот од тип 1, телото произведува недоволно инсулин поради генетско пореметување. Кај типот 2, телото не е во можност правилно да го преработи инсулинот. Покрај овие два видови, постојат и помалку раширени типови. Типот 2 е „наследен“ облик и го имаат 90% од сите дијабетичари. Овој тип се појавува во комбинација со прекумерната тежина, недоволно движење и неправилна исхрана. Кај типот 1, шеќерот во исхраната не игра никаква улога.
Од дијабетес заболуваат само лица со прекумерна тежина
Тоа не е точно. Точно е дека ризикот од заболување, кога зборуваме за дијабетесот од тип 2, е двојно поголем кај луѓето со прекумерна тежина. Овој ризик е тројно поголем кај луѓето кои се изразено дебели. Сепак, метаболизмот на повеќе од една четвртина од дебелите луѓе останува здрав.
Дијабетесот е болест на високоразвиеното општество
Потполно неточно. Дијабетесот и заболувањата поврзани со него се светски проблем и се во постојан раст. Ова особено се однесува на дијабетесот од тип 1. Причините за тоа сè уште се нејасни. Во југоисточна Азија, речиси половина од дијабетичарите не се свесни дека ја имаат болеста.
Од дијабетес заболуваат само стари луѓе
Неточно. Точно е дека еден тип дијабетес, дијабетес мелитус, почесто ги погодува постарите лица, но останатите типови ги погодуваат сите старосни групи.
Сите дијабетичари мораат секојдневно да вбризгуваат инсулин
Точно и неточно. Дијабетичарите од тип 1 мораат секојдневно да внесуваат инсулин бидејќи нивното тело повеќе не е во состојба да го произведе овој хормон. Кај дијабетичарите од тип 2, ова не е неопходно, во зависност од дијагнозата. Овие дијабетичари најчесто почнуваат со внесување инсулин подоцна.
Лицата кои боледуваат од дијабетес мораат да консумираат специјални намирници за дијабетичари
Може да видиме производи декларирани за дијабетичари, но експертите велат дека овие производи може да го доведат заболениот до заблуда дека тој производ може да се консумира во неограничени количини без последици на својата терапија. Дури и при консумацијата на дијабетичарските производи, мора да се води сметка за содржината на јаглехидрати, како и енергетската содржина. За дијабетичарите важат истите правила за здравата исхрана како и за оние кои не се: многу овошје и зеленчук, малку здрави маснотии, а шеќер и сол во разумни граници.
Дијабетесот не се лечи
Точно. Лицата кои имаат дијабетес од тип 1 до крајот на својот живот ќе бидат зависни од инсулин. Ситуацијата кај типот 2 е малку поинаква. Прекумерната тежина и недоволното движење го забрзуваат развојот на оваа болест, но воведувањето нов лист и воведувањето здрава исхрана и движењето може да ја „успијат“ болеста. Тоа значи дека со труд и самодисциплина може да се доведе до состојба на мирување и привремено или трајно да биде потисната. Целосното оздравување со лекови или операции не е можно.