X
 11.04.2020 Здравје

49 новозаразени со коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на коронавирус. По градови: Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1.

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Досега во земјата, како што информираат од министерството, се направени 7.653  тестирања на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73 години) од Прилеп, примен на болнички третман  на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново-дијагностициран пациент (76 години.)

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 760 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 297
Куманово - 182
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –58
Тетово – 31
Струга – 33
Велес – 24
Битола –8
Охрид –4
Кавадарци - 3
Гостивар –7
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 20
Пробиштип - 1

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје