X
 19.01.2021 Здравје

Во Баварија сега се дозволени само еден вид маски за заштита од Ковид-19

Од 18 јануари, во германската покраина Баварија станаа задолжителни маските за лице ФФП2. Граѓаните мора да носат маски од овој вид додека користат јавен превоз и во продавниците, иако мерката не се однесува на вработените, туку на корисниците. Мерката не вклучува и деца под 14-годишна возраст, иако тие мора да носат било какви маски.

Казните за лицата што нема да носат маска или ќе носат обична маска варираат и ќе бидат одредувани врз основа на случајот. Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер, изјавил дека мерката има за цел да ги заштити граѓаните од заразување со Ковид-19 бидејќи овие маски го заштитуваат и оној што ги носи.

Колку добро заштитуваат овие маски?

Обичните маски ги заштитуваат останатите, но маските ФФП2 ги заштитуваат и оние што ги носат маските, иако не 100%, па граѓаните ќе мора да продолжат да ги почитуваат останатите мерки. Овие маски го спречуваат вдишувањето на 94% од честичките во воздухот. Овие маски не мора да се менуваат секој ден, туку може да се носат повеќепати, иако не треба да се перат бидејќи ќе станат неефикасни.

Баварија ќе обезбеди вкупно 2,5 милиони бесплатни маски од овој вид за луѓето со ниски примања. Секое лице со ниски примања ќе добие 5 бесплатни маски кои ќе ги прими по пошта или на друг начин. Освен тоа, маските ќе бидат продавани по намалена цена за лицата на возраст од над 60 години, кои ќе добиваат ваучери за маски.

Извор: thelocal.de
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје