Владата на Велика Британија денеска соопшти дека ќе поттикне и ќе им помогне на милион пушачи во земјата да се префрлат од обичните цигари на „вејп“, т.е. на електронски цигари. Целта е да им се помогне на луѓето што сакаат да се откажат од никотинот.
- Ќе им понудиме нова помош на милиони пушачи за да се откажат. Владата ќе финансира нов национален план „Промени за откажување“, прв од ваков вид во светот - се вели во соопштението на британското Министерство за здравство.
Според овој план, секој петти британски пушач на класични цигари ќе добие „вејп“ уред за е-цигари. Трудниците, пак, ќе добијат и посебни ваучери што ќе им помогнат да се откажат од пушењето.
Во Велика Британија 13 отсто од населението се пушачи. Долгорочната цел на Владата е намалување на таа бројка под 5 отсто.
Извор: МИА