Со крајот на годината се појавуваат и плановите за промена кај речиси секого. Доколку сте пушач, ова веројатно значи дека меѓу одлуките за наредната година е и таа за откажување од цигарите. Доколку навистина се наоѓате во оваа група, можеби ќе ви биде потребна помош - електронска цигара.
Пред да започнете со користење на електронска цигара, земете ги предвид состојките што ги има внатре. Лошото е што речиси е невозможно да се знае што точно има во она што го вдишувате со електронската цигара. Некои места, како Шпанија и Велс, ги забрануваат електронските цигари во јавност. Дали навистина тие се побезбедни од цигарите? Можеби. Колку побезбедни? „Wired“ ги најбројува состојките во повеќето електронски цигари.
Вода
Голем дел од течноста во електронската цигара е вода. Резервоарот за течност и елементот за загревање се основните компоненти на сите вакви уреди.
Глицерин од зеленчук
Веројатно сте го конзумирале овој алкохол во некоја храна. Оваа состојка честопати се користи и во вештачки супи.
Пропилен гликол
Ова е алкохол без боја, мирис и вкус кој се користи како антифриз за намалување на температурата на водата. Се смета за безбеден за употреба, но може и да предизвика главоболка, вртење и лошење.
Никотин
Течноста во електронската цигара може да содржи малку или многу никотин. Самиот никотин е безбеден, освен за децата. Во течна форма, мало количество доколку се конзумира како храна или стапи во контакт со кожата може да предизвика лошење, повраќање, па дури и смрт. Носете ракавици кога го полните уредот.
Вкус
Произведувачите на
вкусовите за електронски цигари најчесто не ги откриваат состојките, но сите тврдат дека се безбедни за конзумација.