X
 11.06.2023 Здравје

Повеќето од нас никогаш не слушнале за еден од најчестите вируси

Изминатата зима беше тешка кога станува збор за респираторните вируси поради вирусите на грип, ковид-19 и слични болести. Меѓутоа, многумина се заразиле со малку познат вирус кој предизвикува слични симптоми како воспаление на белите дробови, кашлица, болка во грлото и висока телесна температура.

Станува збор за човечкиот метапневмовирус (ХМПВ), кој заразил многу луѓе оваа пролет во САД, според центрите за контрола и спречување на болести. Американските болници биле полни со пациенти кои се заразиле со овој вирус. Многу луѓе веројатно не знаеле дека го имаат. За разлика од ковид-19 и грипот, нема вакцина за ХМПВ, ниту лекови за негов третман.

Истражувања покажале дека ХМПВ е еден од најраспространетите вируси во САД и може да биде еднакво опасен како и грипот и слични вируси. Тој може да предизвика тешки симптоми кои бараат сериозен третман во болница или да доведе до фатална пневмонија кај постарите лица.

Вирусот бил откриен од страна на холандски научници во 2001 година кога научниците се обидувале да ги објаснат нејасните случаи на респираторни инфекции кај повеќе деца во земјата.

Се претпоставува дека првиот случај на вирусот настанал со пренесување од птици на човек. Анализа на постари примероци на крв покажала дека вирусот циркулирал помеѓу луѓето барем половина век пред да биде откриен.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје