Железничката пруга Белград - Бар почнала интензивно да се гради во 1971 година, по објавувањето на Националниот заем за изградба. Истата година била организирана и започнала младинската работна акција преку која младите се вклучиле во изградбата на пруга, која траела пет години.
Во овој монументален подвиг учествувале 12.345 бригадири, млади Југословени од сите општествени слоеви и 250 од 13 други земји. Биле распоредени во 234 работни бригади.
Еден од најкомплексните градежни проекти во Европа
Должината на пругата Белград - Бар изнесува 380 километри. Железничката пруга минува низ 254 тунели со вкупна должина од 114 километри и преку 234 моста со должина од 14.593 метри. Во Белград поминува на околу 50 метри надморска височина, се искачува до 1.032 метри кај Колашин, а потоа се спушта кон Бар, каде што завршува на три метри надморска височина.
Пругата била пуштена во употреба на 28 мај 1976 година со Синиот воз во кој се возел Јосип Броз Тито, додека редовниот сообраќај започнал два дена подоцна. Во тие години изградбата на ваква пруга била еден од најсложените градежни проекти поради исклучително напорниот и тежок пристап на теренот.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Istorijski arhiv Srbije