X
 11.10.2021 Живот

Дали френологијата е најчудната псевдонаука?

Во текот на 19 век чудна нова псевдонаучна техника стана многу популарна.

Врз основа на теоријата дека мозокот се состои од „органи“ што управуваат со различни делови на умот, френолозите тврдат дека можат да ја „прочитаат“ личноста и интелигенцијата на поединецот само со едноставно допирање на овие органи преку нормалните грутки и испупченици на главата.

Френологијата е псевдонаука која го проучува обликот на черепот и врз основа на тоа укажува на ментални способности и особини. Франц Џозеф Гал бил првиот што го воспоставил принципот дека секоја од вродените ментални карактеристики лежи во одредена област на мозокот. Некои френолози ја имаат поделено површината на черепот во зони што ги нарекоа по карактеристики како што се борбеност, претпазливост и моќ на набљудување. Иако беше популарна до пред крајот на 19 век, френологијата беше целосно отфрлена.



Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот