X
 23.01.2020 Живот

Ова се најмоќните земји во светот

Истражувањето на „Ју-ес њуз & Ворлд рипорт“ покажува дека САД, Русија и Кина остануваат најмоќни земји во светот, откако другите земји забележаа пад на нивните позиции.

Рангирањето го анализира влијанието на една нација, како и нејзината политичка, економска и воена моќ. Рангирањето е дел од годишното истражување „Најдобри земји“, кое оценува 80 земји врз основа на одговори од 21.000 луѓе.

Ова се 10. најмоќните нации во светот:

10. Саудиска Арабија

Саудиска Арабија падна за едно место во споредба со минатата година, кога се најде на 9. место. „Ју-ес њуз & Ворлд рипорт“ ја нарекуваат „гигантот на Блискиот Исток“ поради нејзината важност за муслиманите.

9. Јужна Кореја

Јужна Кореја минатата година се најде на 10. место, едно место пониско од оваа година.

8. Израел

И минатата година Израел се најде на 8. место.

- Поради релативно малата големина, земјата одигра голема улога во глобалните работи. Израел има силна економија, обележја што се од значење за повеќето религии и заладени односи со многу од нејзините арапски соседи - се вели во истражувањето.

7. Јапонија

mokni zemji
Фото: Getty Images


„Ју-ес њуз“ ја нарекува Јапонија една од најписмените и технички најнапредни нации во светот.

6. Франција

Позицијата на Франција остана непроменета во однос на минатата година.

- Сместена во Западна Европа, Франција е една од најстарите земји во светот, а нејзиното влијание го има насекаде преку науката, политиката, економијата и можеби, пред сè, културата.

5. Велика Британија

„Ју-ес њуз“ ја нарекува високоразвиена нација што има значително меѓународно економско, политичко, научно и културно влијание.

Истражувањето го забележа гласањето на земјата да ја напушти Европската Унија, со што овој потег создал вознемиреност за улогата на земјата на глобалната сцена.

4. Германија

Најнаселената нација во Европската Унија има една од најсилните економии во светот, а нејзината улога во меѓународната заедница стабилно расте.

3. Кина

Според истражувањето, Кина е дом на една од најстарите цивилизации во светот, таа е една од најнаселените земји во светот и една од најголемите земји во светот.

2. Русија

Големината на Русија е тешко да се замисли. Таа е најголемата земја во светот по копнена маса - речиси двапати поголема од Канада. Ги дели копнените граници со над десет земји, а морските граници со Јапонија и САД.

1. САД

САД ја задржуваат позицијата на најмоќната земја во светот. Истражувањето ја нарекува најголемата доминантна економска и воена моќ во светот, која има огромен културен отпечаток во светот благодарение на продукцијата на филмови, ТВ и музика.

На листата со 80 најмоќни земји во светот се најдоа и три земји од регионот. Најдобро е рангирана Србија - на 44. место, за која се вели дека претставува мала држава во центарот на Југоисточна Европа со богата воена историја уште од средниот век.

- Модерната Србија ја отсликува контрадикцијата на модерната Европа - културно е богата, економски развиена, но и понатаму водена од регионално ривалство и етничка тензија - се вели во образложението.

Хрватска се најде на 67. место, а Словенија на 73. место.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот