Песна на Тејлор Свифт може да помогне во спасување нечиј живот, велат експертите. Американското здружение за срце ја прогласи песната „You're Losing Me“ за совршена за изведување кардиопулмонална реанимација, техника која спасува живот и е корисна во многу итни случаи кога срцето престанува да работи.
Песната има 103 отчукувања во минута, што се смета за вистинско темпо за рестартирање на срцето со компресија на градниот кош. Објавена минатиот месец, песната на 33-годишната Тејлор дури ја вклучува и реченицата: „Не можам да најдам пулс, срцето не сака да работи“.
Во моментов „Stayin' Alive“ на „Би џиз“ е најпопуларната песна за давање прва помош. Други песни со 103 отчукувања во минута се „S Club Party“ од „Ес клуб 7“ и „Don't Get Me Wrong“ од „Претендерс“.
Извор:
Klix
Насловна фотографија:
Facebook