Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс - Коби Брајант и неговата ќерка Џијана се погребани на приватна церемонија во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.
Погребот се одржал минатиот петок во „Корона дел Маре“, а јавното „испраќање“ на сите девет жртви од хеликоптерската несреќа е закажано за 24 февруари во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес. Причината за овој датум се броевите на дресовите на Коби и Џијана – 24 и 2.
- Ванеса и семејството сакаа приватност при погребувањето. Церемонијата била многу тешка за сите - пренесе „Ентертајмент тунајт“.
Извор: МИА