X
 12.03.2019 Живот

Затворениците во Америка се грижат за кучиња - ефектот е неверојатен

Познато е дека кучињата се најдобрите пријатели на луѓето. Постојат и луѓе што повеќе сакаат кучиња отколку луѓе.

Кучињата им се лојални на нивните сопственици. Тие немаат предрасуди и сакаат безусловно. Освен тоа, тие можат да имаат магичен ефект врз нивните сопственици помагајќи им во тешки ситуации.

Во САД, фондацијата „Кенајн сел мејтс“ води програма во затворот „Фултон“ во Атланта каде што затворениците се грижат и ги тренираат кучињата од азил, во период од два месеца.

11
Фото: Canine Cell Mates


Она што е прекрасно е дека кучињата им значат сè на нивните привремени сопственици. Од ова прекрасно пријателство затворениците имаат голем број придобивки: учат за одговорност грижејќи се за друго живо суштество, работат за постигнување одредена цел и можеби првпат во нивниот живот ја доживуваат радоста на безусловната љубов, стекнувајќи доверба во работата што води кон позитивен исход и вештини што ќе им овозможат да станат почитувани и продуктивни членови на општеството.

Истовремено за кучињата се зголемуваат шансите да најдат дом.



Затворите во кои се спроведуваат програмите за чување куче покажале драматично намалување на насилните испади од страна на затворениците, понекогаш дури и за 50 отсто. Освен тоа, драстично се намалиле стапките на рецидивизам (повторување на криминалните дела од ист сторител).

Џон Долан од Лондон порано спиел на улиците или во затворите. Но, откако почнал да се грижи за питбулот Џорџ, неговиот живот целосно се променил. Кога Џон го добил кучето, тој се чувствувал одговорен за него. За да продолжи да се грижи за Џорџ, тој морал да се погрижи да не се врати во затвор.

Порано Џон бил талентиран технички цртач; вештина што ја занемарувал десетици години. Но, благодарение на Џорџ, тој одлучил да создава уметност и да ја продава.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот