Првата арктичка зоолошка градина, каде што животните ќе се чуваат во природна средина, и музеј ќе се појават во автономниот округ Јамало-Ненецки, кој се наоѓа на Арктикот, соопшти гувернерот на округот, Дмитриј Артуков
- Сакаме да ја отвориме првата зоолошка градина на
Арктикот, која ќе има само една зграда во која ќе бидат сместени канцеларии, кафулиња, продавници за сувенири. Животните ќе бидат во природното опкружување и најефикасно ќе го искористиме природниот пејзаж - вели гувернерот.
- Исто така, ќе изградиме нов музеј на Арктикот. Работиме на проектот заедно со меѓународен тим на експерти. Музејот ќе биде убав дел од насипот на Салекхард.
Автономниот округ Јамало-Ненецки бил формиран во 1930 година. Најголемиот дел од регионот е северно од арктичкиот круг, а некои области се наоѓаат на падината на сртот на Урал. Климата е студена. Во близина е студеното Карско Море. Зимите траат речиси осум месеци, а во текот на овој период има снежни бури и магла. И во јужниот дел летата не траат подолго од 100 дена.
Фото:
Instagram