Од Министерството за внатрешни работи побаравме податоци за најчестите сообраќајни прекршоци што се правеле во последните две години
Матурант од Струмица ни раскажа како го направил краткиот игран филм „Вистински вредности“, што ја освои наградата за најдобар филм на фестивалот „Образовно рандеву“, наш студент кој студира на најдобриот технички факултет советува како да се избере добро средно училиште, како просветните инспектори ја оценија практичната настава во средните училишта? Ова се дел од темите на кои се фокусиравме минатата недела.
Mатурантот Коки Ќосев од средното економско училиште „Јане Сандански“ од Струмица ја освои наградата за најдобар филм на фестивалот „Образовно рандеву“. Младинската асоцијација на средните стручни училишта веќе 13 години го организира фестивалот во кој ученици од средни стручни училишта од земјава се натпреваруваат во повеќе категории.
Филмот и фотографијата му се најголема љубов на струмичкиот средношколец. Ова му е трета награда за најдобар краток филм на оваа манифестација. Во претходните две години му беа наградени „Карма“ и „Изгубено детство“.
Со Коки поразговаравме за тоа како ја добил идејата за филмот. Вели дека сѐ поизразените социјални разлики помеѓу луѓето го измотивирале да се зафати со оваа тема.
- Желбата за брза заработка создава фрустрации и сите како да ги забораваат вистинските вредности во животот - вели тој.
Минатата недела посетата на папата Франциск беше главна вест во сите македонски медиуми. Ние истраживме што учел папата, во кои училишта го стекнал своето знаење и какви му се ставовите за образованието.
Папата учел средно технолошко и добил диплома за хемиски техничар. Пред да им се приклучи на језуитите, Бергољо работел како вратар, а работел и во лабораторија. Кога стана папа, за Бергољо се пишуваше дека е магистер по хемија, но подоцна беше утврдено дека тоа не е вистина.
Наклонетоста кон свештенството папата ја открил кога одел на прослава на Денот на пролетта. Поминал покрај црква за да оди на исповед и бил инспириран од свештеник. Бергољо учел на архиепископската богословија „Инмакулада Консепсион семинари“ (Inmaculada Concepción Seminary) во Вила Девото, Буенос Аирес, Аргентина. Три години подоцна, на 11 март 1958 година, тој влегол во језуитите. Бергољо има признато дека додека бил ученик во семинарија, му се допаѓала девојка која ја сретнал тогаш и кратко се двоумел дали да продолжи со религиозната кариера.
Иван Николовски е студент во прва година на Техничкиот универзитет во Минхен, а минатата година матурира во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Тој на идните средношколци им прати неколку пораки како да го изберат вистинското училиште за нив.
- Изборот на средно училиште е тешка одлука за секој ученик. Тогаш тој првпат се наоѓа во позиција да треба да избира помеѓу повеќе можности што ќе влијаат врз неговиот понатамошен развој, не само како образована личност, туку и во целокупниот живот. Во средно се стекнуваат многу нови пријателства и познанства кои ги поставуваат темелите на долгогодишно дружење и соработка, но најдобро е да се одбере она училиште за кое сметаат дека ќе ги задоволи нивните потреби - дали тоа е поголем фокус на активностите надвор од училиштето, како спортот, или пак натпревари по некои од училишните предмети или, пак, училиштето за кое сметаат дека го има најдобриот наставен кадар – ни раскажа Николовски.
Единица добија средните училишта во Македонија за организирањето на практичната настава од просветните инспектори.
Практичната настава во средните училишта во земјава е голем проблем во македонското образование. Како слаба страна ја посочиле и просветните инспектори во последниот извештај на
Државниот просветен инспекторат (ДПИ) за квалитетот на воспитно-образовниот процес во учебната 2017/2018 година.
Инспекторите утврдиле дека во поголемиот број средни училишта понудените проектни активности и слободни часови не се во насока на проширување на знаењата на учениците од струката. Феријалната пракса во средните стручни училишта исто така несоодветно се организира и реализира.
Како слабост во голем дел од средните училишта, просветните инспектори ги посочуваат и слободните (незадолжителни) часови, како и проектните активности во поголемиот број средни стручни училишта. Тие се користат во функција за надополнување до полн фонд на часови на наставниот кадар, а не за проширување на знаењата, умеењата и вештините на учениците. Тие предлагаат да се изготви Правилник со кој подобро би се организирале овој тип часови.
Нетрпеливи возачи, нервозни пешаци, непрописно паркирани возила по тротоари... се само дел од секојдневната слика во сообраќајот. Не мора да сте возач за да заклучите како се вози, особено во големите градови и во пиковите кога се прават големи метежи – наутро кога се оди на работа и околу 16 часот кога вработените се прибираат дома. Сообраќајната култура не ни е на завидно ниво, а многу од сообраќајните правила или се заборавени или едноставно не се почитуваат.
За да се освестиме дека како учесници во сообраќајот не одговараме само за нашиот живот, туку и за многу други, не е лошо одвреме-навреме да се потсетуваме на казнената политика и статистика. Од Министерството за внатрешни работи побаравме податоци за најчестите прекршоци што се правеле во последните две години.
Д-р Трајче Георгиев, началник на единицата за сообраќајно-инженерски работи во Бирото за јавна безбедност при МВР, вели дека полицајците лани затекнале 5.019 неисправни возила, додека преклани нивниот број бил 3.025. Од сообраќај лани биле исклучени 1.429, додека една година претходно 1.431 возило.
Се радувам кога и да дојдам во Скопје, тоа е празник за моето срце, за мојата глава и за желудник. Сега се обидувам да направам континуитет во доаѓањата затоа што претходно многу време ме немаше. Во ноември бев поради музика, сега сум овде малку поради книгите.
- „Солунска 28“ се практично сите улици низ кои сум поминал откако сум се родил до денес. Сите тие улици имаат симболично значење, тие се тие што водат од исток на запад и север на југ, таква е и таа „Солунска 28“, која води кон Солун. Моите солунски улици се сместени во Сараево и во Белград - вели Неле Карајлиќ во интервјуто за Факултети.мк, по повод објавувањето на неговиот роман „Солунска 28“ во издание на „Арс Ламина“.
Сѐ уште ни е активна и
анкетата наменета за идните студенти околу изборот на факултетот, па ги очекуваме вашите одговори.