Високите температури се тука и иако порано беше сосема нормално да се вози автомобил без климатизер, денес не можеме да замислиме патување без него. Сепак, дали знаете како тоа влијае врз потрошувачката на гориво?
Германскиот автомобилски клуб (ADAC) спроведе истражување за да утврди до кој степен употребата на климатизерот во возилото влијае врз потрошувачката на гориво. Добрата вест е што благодарение на модерните системи за климатизација, влијанието врз потрошувачката (а со тоа и трошоците) полека се намалува.
Анализата покажала дека потрошувачката во просек се зголемува за 10 до 15 отсто, а големо влијание имаат и условите во кои возите.
Во градот, на пример, потрошувачката се зголемува за околу 20 отсто, на автопатите со просечна брзина од 100 километри на час потрошувачката се зголемува за околу 6 отсто, а максималната потрошувачка, доколку автомобилот е во мирување, е до 70 отсто.
Исто така, климатизерот ќе има помало влијание врз потрошувачката доколку користите автоматски режим на ладење наместо сами да ја регулирате температурата.
Извор:
n1info.ba
Фото: Freepik