X
 03.08.2018 Живот

Леброн отвори училиште: Бесплатен велосипед за секое дете, обезбедена храна и многу други бенефити

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата, отвори училиште за деца од социјално загрозени фамилии во Акрон со голем број бесплатни нешта.

Училиштето се вика „I Promise“ (Ветувам), а него бесплатно ќе го посетуваат 240 ученици кои немаат финансиски можности да се школуваат. Планот е бројот да се зголеми на илјада ученици.

Веќе е познато дека Леброн изразнал во многу тешки услови и дека како тинејџер едно време спиел во автомобил и дека минал низ многу потешкотии.

Училиштето е отворено во родниот град на Леброн во сојузната држава Охајо. Половина од примените ученици ќе учат во трето одделение, а другата половина во четврто. Школската година ќе трае од 30 јули до 17 мај.

Сите деца кои ќе бидат примени во ова училиште ќе имаат ослободени од плаќање школарина, ќе добијат бесплатни униформи, велосипед со кацига, превоз, појадок, ручек и ужина, ќе има посебна служба која ќе им помага на родителите во наоѓањето работа, а на секој ученик кој ќе заврши во ова училиште и исполни уште некои услови, може да добие 4-годишна стипендија за Универзитетот во Акрон.

Леброн доби огромна поддршка на социјалните мрежи, како од фановите, така и од колегите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот