X
 12.08.2020 Живот

Успешна долгогодишна акција: спасени белуга-китови се пуштаат во заштитените отворени води во Исланд

Во операција што траела шест години, добротворната организација „Си лајф траст“ сега е во завршна фаза на пренесување два 12-годишни белуга-китови.

Китовите Литл Вајт и Литл Греј ќе бидат пуштени во отворените води. Тие пристигнаа во резерват на Вестманските Острови на 7 август и се приспособуваат на нивното природно опкружување пред конечно да бидат пуштени во пошироко засолниште во близина на јужниот брег на Исланд.

- Задоволни сме што Литл Греј и Литл Вајт се безбедни и се на чекор да бидат ослободени од нивниот дом во отворени води - вели Енди Бул, шеф на „Си лајф траст“.

- По широко планирање и проби, првата фаза од нивното пуштање во океанот одеше според планот. Внимателно ги набљудуваме китовите со нашиот тим и се надеваме дека наскоро ќе го објавиме нивното конечно пуштање - вели тој.

Литл Вајт и Литл Греј патувале по копно, море, па летале со авиопревозникот „Карголукс“, кој ги превезувал во специјално брендиран товарен авион. Китовите биле придружувани од тимови кои постојано се грижеле за нив.

1

Ова е првпат белуга-китовите да бидат во отворени води. И двата биле заробени во близина на брегот на Русија кога биле многу млади и поминале години настапувајќи како шоу-животни во кинески аквариум. Сега тие се навикнуваат на засолништето за белуга-китови, кое го води добротворната организација „Си лајф траст“ во Исланд.

Белуга-китовите живеат во отворените води и сакаат студено, а климатските промени предизвикуваат топење на мразот во нивните живеалишта. Друг проблем е употребата на пластиката. Речиси во секој белуга-кит што бил тестиран е најдена пластика. Истражување спроведено на 7 белуга-китови во оддалечените арктички води на Канада открило микропластика во секој од нив.

Од добротворната организација велат дека двата 12-годишни китови пристигнале безбедно во заливот Келтсвик. Таму ќе останат краток период за да се адаптираат на околината пред да бидат пуштени во поширокото засолниште.

4

Новиот дом на китовите е многу поголема природна средина со многу потенцијални придобивки. Нивното преместување не било лесна задача. Секој од нив тежи повеќе од еден тон и заедно консумираат околу 49 килограми риба дневно. Операцијата барала специјално дизајнирана опрема, ветеринари и многу вода и мраз. Како што вели тимот, сакал да им го направи патувањето на китовите колку што е можно поудобно.

3

По пристигнувањето во Исланд китовите биле чувани во установа за грижа во карантински базен неколку месеци, за да се адаптираат на постудената исландска средина. Но, процесот не е при крај. Китовите моментално се наоѓаат во „простор за аклиматизација“ во рамките на засолништето. За некое време ќе бидат пуштени во отворени води.


kitovi

5

Засолништето на Химаи, еден од Вестманските Острови, се наоѓа на заливот Клетсвик - голем природен морски влез каде што Литл Вајт и Литл Греј ќе имаат подобар квалитет на животот, поблиску до нивното природно живеалиште на Арктикот.

Засолништето за белуга-китовите нуди и центар за посетители и центар за едукација. Наскоро посетителите ќе имаат можност да ги посетат китовите во заливот со брод, со минимално вознемирување на китовите.


Извор: Lonely Planet | Bored Panda
Фотографии: Sea Life Trust
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот