X
 12.08.2023 Живот

Гласови на солидарноста: УНДП го одбележува 12 август - Меѓународниот ден на младите

„Солидарноста повторно го изгради Скопје и токму солидарноста е таа што ќе нѝ помогне заедно да изградиме подобра и просперитетна иднина за нашите млади.“ Ова е носечката порака на видеото со кое годинава Програмата за развој на Обединетите нации го одбележува 12 август, Меѓународниот ден на младите.

 

Не можеме да градиме солидарно општество без да го чуеме гласот на младите. Не можеме да очекуваме просперитетна иднина без да ја негуваме солидарноста кај младите генерации. Во видеото се застапни пораките на седум инспиративни млади луѓе кои одговараат на прашањето што за нив претставува солидарноста.

 

Ова видео е всушност „мост од инспиративни пораки“ кој ги поврзува 26 јули – 60 годишнината од скопскиот земјотрес и 12 август – Меѓународниот ден на младите.

 

 

Оваа активност е дел од регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од United Nations Peacebuilding, кој Прогарамата за развој на Обединетите нации – УНДП го спроведува во партнерство со Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија Фондот за население на Обединети нации – УНФПА.

 

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот