Депресијата ви ја полни главата со лоши мисли и негативни чувства, и токму поради тоа понекогаш треба повеќе да се борите за да и` се спротиставите.
1. „Никогаш нема да ти биде подобро“ - Кога сте во најтемната дупка на депресијата, се чини дека нема излез. Гледате слики од самите себеси кога не сте биле во депресивна состојба, и ви се чини дека сте сосема различна личност која повеќе никогаш нема да се врати.
Но, ќе се вратите - депресијата нема да трае засекогаш. Можеби нема да бидете истата личност од фотографијата, ќе бидете малку поразлична, но ќе процесирате други искуства, и ќе бидете подобро.
2. „Никој не сака да се дружи со мене“ - Кога сте во депресија, често пати самите избегнувате социјални ситуации и откажувате планови. Дел од вашиот мозок се чувствува виновен што постојано откажувате, додека другиот дел мисли: „Која е целта? И онака не си главна личност“:
Ниското ниво на самодоверба ве тера да ги преиспитате пријателствата и в рските, но важно е да не дозволите депресијата да ве направи да размислувате дека никој не ве сака.
3. „Товар си за сите околу тебе“ - Како самата депресија да не е доволна, па доаѓа и со чувството на вина и срам.
Колку и да е тешко мора да сфатите дека не сте товар. Отплеткувањето на пајажината депресивни мисли на некоја блиска личност не претставува оптоварување - тоа значи дека и` верувате и сакате да биде до вас. Луѓето сакаат да ви помогнат, и е во ред да ја прифатите нивната помош.
4. „Не заслужуваш да бидеш здрав“ - Голема причина зошто е тешко еден човек да се излекува од депресијата е тоа што тој мисли дека не заслужува да биде излечен.
Полесно е човек да пропадне, отколку да се изгради себеси. Закрепнувањето започнува со основните реченици: „Сакам се` да биде во ред. Заслужувам да биде во ред“.
5. „Треба да се казниш и повредиш“ - Депресијата често пати е директно поврзана со самоуништувањето, такашто депресивната личност мисли дека ако не успее во нешто, треба да се казни, затоа што тоа го заслужува.
Овој циклус е тежок за пробивање. Но, важно е да знаете дека не постои причина зошто треба да се казнувате себеси и дека и најдобрите грешат.
6. „Сите ги разочаруваш“ - Со депресијата, важно е да си дадете себеси време и простор. Исто така, важно е да знаете дека работите кои ги правите ги правите поради вас, а не поради вашето семејство/девојка/момче/наставник. Не си вршете притисок - малите чекори се сосема во ред.
7. „Мрзлив си“ - Некои луѓе се чувствуваат мрзливи кога се депресивни па не можат да се фокусираат, да спијат или да јадат. Дури и туширањето за нив се чини како најтешката задача во светот.
Депресијата има тенденција да предизвика статичен мозок. Но тоа не значи дека сте мрзеливи.
8. „Премногу напор треба да вложиш за да ти биде подобро“ - Потребно е доста трпение и упорност за да ви биде подобро, бидејќи закрепнувањето не се случува преку ноќ. Можеби ќе треба да посетувате психолог, но верувајте сето тоа вреди, затоа што се исплаќа.
9. „Никој не сфаќа низ што врвиш“ - Лесно е да се отуѓите од другите кога сте депресивни, но би биле пријатно изненадени доколку отворено зборувате за вашата депресија, особено на интернет. Ќе добиете огромна поддршка.
10. „Луѓето те судат“ - Секој кој страда од депресија сака да има невидлива наметка за луѓето да не го гледаат. Се чини како постојано сите луѓе да ви судат, и како никој да не ја сфаќа вашата ситуација. Затоа во вакво време потребен ви е некој кој ќе ве слуша без воопшто да ви суди.
11. „Твојата депресија те прави досаден“ - Депресијата е како досадна болка - ве тера да се чувствувате исцрпено и ве фрла во живот во „сива боја“. Но треба да запомните дека болеста не ве дефинира. Таа е само мал дел од вас.
12. „Слабак си затоа што земаш лекови“ - Секогаш кога ќе зема лекови, депресвината личност има чувство како да му се намалува мозокот и храброста и и` се чини дека повеќе никогаш нема да биде нормална.
Но, земањето лекови не значи дека сте слаби или абнормални, тоа значи дека вие ја преземате контролата.
13. „Ова си го направи самиот/самата себеси“ - Депресијата не може да биде предизвикана од вас самите - никој не сака да биде депресивен. Тоа е болест како било која друга, и болест од која страдаат многу луѓе.