X
 24.12.2022 Здравје

Неколку начини да ја одбегнете претпразничната депресија

Претпразничната депресија е составен дел од еуфоријата во периодот пред новогодишните и божиќни празници. Околу нас има позитивни работи, но тие може да поттикнат спротивни емоции кај многу луѓе. Следуваат неколку совети како да го зачувате менталното здравје во овој период од годината.

Празничната депресија се провлекува пред рутинските обврски

Иако празниците го забрзуваат темпото на живот, потрудете се колку што можете да останете во регуларниот режим. Тоа важи за работните обврски, но и дружењето, купувањето и другите активности на кои сте навикнати.

Прескокнете ги обврските за кои немате физички или психички капацитет

Не плашете се да кажете „не“ и немојте да се чувствувате лошо поради тоа. Поставувањето граници секогаш има важна улога, а во овој период тоа е уште позначајно. Доколку немате сила или волја за некоја активност, едноставно извинете се и одбијте ги.

Осаменоста и претпразничната депресија одат заедно

Обидете се да извлечете некои добри работи од самотијата, но не дозволувајте да се претвори во осаменост. Ако навистина сте осамени, ова чувство може да се зголеми и интензивира за време на празниците, особено доколку немате семејство или пријатели со кои би ги поминале празниците. Не постои идеално решение за осаменоста, но постојат начини на кои таа може да се ублажи, како волонтирање, спортување, патување во група или ритуали како уметност или градинарство.


Фото: Pixabay

Правете работи што ве радуваат и исполнуваат

Многу аспекти од празниците се стресни, но многу празнични традиции и активности не мора да прават да се чувствуваме лошо. За време на празниците правете работи кои ве радуваат и размислувајте за убави спомени.

Бидете умерени

Грижете се за своето тело и дух, но правете го тоа умерено. Лесно е да се претера со јадење за време на празниците, но обидете се да најдете рамнотежа.

Дружете се со позитивни луѓе

Бидете во контакт со луѓе кои ви одговараат. Многу луѓе чувствуваат обврска да поминуваат време и со негативците или членовите на семејството кои не им се допаѓаат. Доколку можете, минимизирајте го времето што го поминувате со овие луѓе.

Не обидувајте се да бидете совршени

Празниците се полни со очекувања и би било одлично доколку тие поминат совршено, но тоа најчесто е нереално очекување. Кога очекуваме совршенство, големи се шансите дека ќе бидеме разочарани. Наместо тоа, обидете се да имате реални очекувања.

Среќата е во малите нешта, бидете благодарни

Ценете ги малите работи. Често она што го земаме здраво за готово е нешто за што страдаме кога го немаме. Психолозите советуваат да помислите на неколку работи на кои сте благодарни и тоа гласно да го изговарате секој ден.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје