X
 10.01.2017 Економија

ЦИА: Македонија е четврта во светот по невработеност на младите

Американска ЦИА ја објави Светската книга на факти, која содржи статистички податоци од сите земји на светот, односно ранг-листи по одредени критериуми. Така, Македонија е на четвртото место по невработеност на младите на возраст од 15 до 34 години, а во нејзино друштво се нашле и сите земји на поранешна Југославија, освен Словенија.


Најгоре на листата е Босна и Херцеговина, каде што невработеноста на младите изнесува 62,8 проценти. Потоа е Косово со 55,3 проценти, трета Грција со 55,3, а со 53,9 проценти е Македонија на четвртото место.

Седма на листата е Србија со 51 процент, а потоа е Хрватска, додека на 11-то место се наоѓа Црна Гора.



Иако оптимистите ваквата состојба ја препишуваат на ниската стапка на раното напуштање на образованието, еднакво загрижува и општата невработеност на населението, која според податоците на ЦИА е 17,1 процент.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија